
За денешното мени се одлучивме да подготвиме пица со туна, а за десерт сакаме да „сматиме“ колачи без шеќер.
Состојки
За тесто
250 гр брашно
Малку квасец
Сол, лажичка масло
За фил
1 мала конзерва туна
1 домат
1 помала тиквичка
1 кромид
50 гр шампињони
Кечап
Со, бибер, оригано
Масло
Подготовка
Замесетe ги состојкит за тесто и ставете го топло да нарасне околу 15 минути. Подгответе тава со големина 20х30 ставете го тестото и со прстите развлечете го така што ќе преминува на страните од тавата и повторно оставете го на топло.
За тоа веме подгответе го филот: На малку масло пропржете ги тиквичките исечени на кругчиња, извадете ги и на тоаа масло пропржете исечкан кромид па додате на парчиња исечкан домат, неколку минути динстајте па додајте туна и зачини.
Тестото премачкајте го со кечап, ставете го филот преку шампињоните и тиквичките. Преку сето тоа ставете малку оригано и печете на силен оган (250 до 300 степени) околу 15 минути.
Колачи без шеќер
Состојки
3 меки банани
2 часи од 250 мл овесни снегулки
1 часа суво грозје или брусници
80 мл масло
Половина лажица цимет
50 гр чоколадо со поголем процент на какао на пример 75 отсто
80 гр сечкани ореви
¼ лажица сол
Подготовка
Испасирајте ги бананите, измешајте ги останатите состојки и оставете ги сите фино да се соединат околу 10 минути. Формирајте топчиња поголеми од орев, помали од јајце и обликувајте колачи. Печете на 180 степени 25 минути или помалку.
Пријатен апетит!