Во Нетпрес кујната денеска: Уштипци со мелено месо и колачиња со рум

Почнете ја неделата со вкусен ручек, одлично уштипци со мелено месо и слатки

Потребно:

600 грв мелено месо

4 јајца

100 мл газирана вода

4 лажици брашно

2 лажици масло

1/2 кесичка прашок за печиво

Половина  главица кромид

2 чешниња лук

Сол,бибер и мешан сув зачин по вкус

Масло за јадење

Подготовка:

Сите состојки стваете ги во сад и убаво промешајте за да се добие хомогена смеса. Оставете половина часа или повеќе во фрижидер. Со мало кафено лажиче од смесата правете уштипци и ставајте да се пржи на загреано масло. Пржете ги од сите страни, а потоа извадете ги на салафетка да се исцеди вишокот од маснотии.Послужете ги топли со салата.

Слатки и брзи колачиња, неодоливи и вкусни.

Потребно:

400 гр неутрална павлака

2 кесички од 9 гр желатин

100 гр маргарин

250 гр шеќер во прав

 

Екстрат од рум

200 гр кокос

300 гр чоколадо за готвење

5 лажици масло за јадење

Подготовка:

Павлаката и маргаринот ставете ги да се варат и додадете го шеќерот во прав. Кога смесата ќе почне да врие, тргнете ја од оган додадете го претходно потопениот желатин и румот и добро измешајте. На крајот во смесата додадете го и кокосот. Во една четвртаста тава обложена со прозирна фолија ставете ја смесата и оставете да се олади. Најдобро е така да преноќи. Откако ќе се стегне, превртете ја смесата на даска за сечење која треба да биде обложена со хартија за печење. Сечете во облици кои вие ги сакате и прелиете со чоколадо. Декорирајте по желба.