Ги живееме можеби своите последни денови, па и часови, вели командант на украински војници кои се добро утврдени но под опасада на руските и проруските сили во металуршкиот комбинат „Азовстал“ крај јужниот град Мариупол, повикувајќи ја меѓународната задница да ги извлече од опколуивањето во порака во средата на Facebook.
„Непријателот е десет пати поброен од нас“, вели во објавата Сергеј Волина од 36-та морнарчкиа бригада вкопана во челичарницата „Азовстал“ на периферијата од Мариупол кон Азовското Море.
Кон крајот на минатата седмица руското министерство за одбрана објави дека продолжуваат заробувањата на борците на 36-та бригада на украинсите вооружени формации во Мариупол, и оти досега се предела повеќе од 1.500 украински мариците.
„Ги повикуваме и понизно ги молиме сите светски челници да ни помогнат. Бараме да нѐ извлечат и одведат на територија на трети земји“, додава Волина.