Повеќе од 350 луѓе починаа од колера во Нигерија во првите девет месеци од оваа година, што е за 239 отсто повеќе од истиот период минатата година, соопшти денеска нигерискиот центар за контрола на болести (НЦДК).
Во соопштението се вели дека 359 луѓе починале од колера во периодот од јануари до септември, во споредба со 106 во истиот период минатата година.
Бројот на можни случаи на колера, исто така, се искачи на 10,837, во споредба со 3,387 минатата година, а најголемиот дел од заболените се деца на возраст под пет години.
Лагос, комерцијалниот главен град на земјата, забележа најголем број случаи, се вели во соопштението на НЦДК.
Колерата, болест која се пренесува преку вода, не е невообичаена во Нигерија, каде што водата за пиење е дефицитарна во руралните области и урбаните сиромашни квартови.
Фото: УНИЦЕФ