![ukraina nacionalna garda](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/ukraina-nacionalna-garda.jpg?resize=696%2C408&ssl=1)
Војник на украинската Национална гарда отворил оган кон стражариоте во воена фабрика во централна Украина од засега непознати причини и притоа убил пет лица, од кои четворица војници, и ранил уште други петмина пред да избега, соопшти полицијата во четвртокот додавајќи дека војникот подоцна е пронајден и уапсен.
Инцидентот се одиграл околу 3,40 часот во фабријата „Јужмаш“ во Днипро, кога 20-годишниот војник при предавање на оружјето од неутврдени причини од автомат „калашников“ пукал во објект со војници на Националната гарда, се наведува во соопштението и се додава дека една од жртвите е жена.
„Во прв ред истрагата ќе се соочи со прашањето кој бил мотивот за извршување толку страшно злосторство. Пред сѐ, ќе биде иостраќено дали војникот се соочил со психички притисок во тимот“, напиша заменикот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко на Facebook
Ддоава дека ќе биде истражено и како војникот Рјабчук Артемиј Јуревич ја минал лекарската комисија која му овозможила пристап до оружјето.
„Во секој случај тој ќе понесе најстрога казна за масовно убиство“, додава Гарашченко.