Во ноември двојно зголемен бројот на заболени од овчи сипаници

Зголемен број на овчи сипаници во земјава регистрира Институтот за јавно здравје во месец ноември.

Според последниот извештај на ИЈЗ, во текот на ноември најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчи сипаници со вкупно 864 пријавени лица.

Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 76,3%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 76,7%.

-Во однос на претходниот месец октомври 2022, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 2,1 пати, a во однос на месец ноември 2021 се регистрира зголемување за 6,4 пати. Во однос на аритметичката средина се регистрира зголемување од 2,2%. Во вкупниот број на регистрирани овчи сипаници во 2022, пријавените случаи во ноември учествуваат со 27,5% Во вкупниот број на регистрирани акутни заразни заболувања во 2022 година, овчи сипаници учествуваат со 56.5%, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Кумулативниот број на заболени од овчи сипаници во 2022 е за 5,8 пати поголем во однос на кумулативата за истиот период во 2021.