
Воздухот во Скопје утрово загаден. Концентрациите на ПМ10 честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прсторно планирани се движат од 129 во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат и 230 во Лисиче.
Според мерењата во Скопје воздухот е загаден од 6-ти овој месец во попладневните часот. Концентрациите на ПМ10 честичките оттогаш се над дозволеното од 50 микрограми на метар кубен и достигнуваат вредности и од 200 микрограми до над 600 микрограми. Најзагадено во овој период било во Лисиче каде синоќа во 22 часот се измерени 642 микрограми на метар кубен.
Според метеоролозите за попладне е најавен засилен јужен ветер кој може да доведе до расчистување.
Месечните извештаи покажуваат дека минатиот месец, односно во ноември скопјани дишеле загаден воздух меѓу 19 и 26 дена. Во Гази Баба воздухот бил загаден 19 дена, во Центар и Карпош 20, во Лисиче 25 и најмногу кај Ректорат 26 денови.
Додека СДСМ ветуваше пред изборите дека во Македонија „ќе донесе“ чист воздух, скопјани вчера не можеа да дишат.