Во нов напад на екстремисти во Буркина Фасо загинаа 53 војници

Во напад на џихадисти на северот на Буркина Фасо, загинаа 53 припадници на безбедносните сили, додека десетици други беа ранети, соопштија денеска воени претставници.

Тие беа убиени за време на тешките борби вчера во комуната Кумбри во провинцијата Јатенга, се вели во соопштението на Армијата.

Неколку десетици исламистички активисти беа убиени и во операцијата за потиснување на џихадистите од Кумбра да ги вратат претходно раселените.

Буркина Фасо е тешко погодена од џихадистичките напади поврзани со Ал Каеда и групата Исламска држава во кои загинаа илјадници.

Од првиот државен удар во јануари 2022 година, бројот на убиени од џихадистите е речиси тројно зголемен во споредба со периодот од 18 месеци претходно, се вели во извештајот на Африканскиот центар за стратешки студии.

Џихадистите исто така блокираа повеќе од дваесетина градови, оневозможувајќи им на речиси милион луѓе пристап до храна, стоки и слободно движење, соопшти Центарот.

Убиствата вчера беа едни од најголемите напади откако капетанот Ибрахим Траоре ја презеде власта со вториот државен удар во септември 2022 година.

Групите за човекови права ги обвинија безбедносните сили за убивање цивили за кои веруваат дека се поврзани со џихадистите.