Во новата куќа затекнал писмо од дете кое некогаш живеело таму

Кога се вселил во новата куќа, Редит пронашол порака во кујната, на која пишувало: „Кој и да го пронајде ова писмо, го молам да го отвори. Благодарам“.

Тој го отворил писмото, а во него пишувало:

„Драг читателу, моите мајка и татко живееја во оваа куќа 15 години и јас овде живеев 9 години. Тоа е целиот мој живот, а потоа моите родители решија да се разведат. Мојата мајка не одведе мене, брат ми и сестра ми во помала куќа. Мојот татко се пресели во друга куќа. Јас многу ја сакам оваа куќа и те молам води сметка за неа, но особено за собата со зелен килим. Тука пораснав и ја сакам“.

Како што навел во коментарот, Редит решил да го задржи килимот во случај ако детето се врати во куќата, бидејќи и тој е дете на разведени родители, па навистина тешко му паднало писмото кое го пронашол.