На 15.07.2020 година во ПО Ново Село непознат граганин телефонски пријавил дека во с.Самоилово – Струмица, С.А од с.Ново Село со патничко возило Џип-црна боја со бугарски регистарски ознаки, било вршено групно носење на гласачи и агитирање, информира СВР Струмица.
На 15.07.2020 година во ПК Богданци, непознато лице по телефон пријавило дека во Богданци пред Дом на културата „Бранд Петрушевски“, непознати лица кои биле во возило Шкода октавија со партиски обележија вршеле агитирање.
На 15.07.2020 година во ПС ОН Струмица, С.И од с.Чанаклија-Струмица, телефонски пријавил дека во с.Чанаклија директорот на комуналното претпријатие „Турија“ З.Н. од с.Пиперево вршел притисок и носел луѓе на гласање.
На 15.07.2020 година во ПС ОН Струмица, непознато лице телефонски пријавило дека непознати лица од политичката партија вршеле агитирање пред избирачко место сместено во СОУ „Никола Карев“ во Струмица.