Во областа околу Славјанск до 70 илјади украински војници, проценуваат сепаратистите

Severodonetsk, the Luhansk region, Ukraine, Wednesday, June 8, 2022. (AP Photo/Oleksandr Ratushniak)

Групација од повеќе десетици украински војници и странски платеници се наоѓаат во ткн „котел“ во населбите во близина на Славјанск на истокот на Украина,  соопшти во петокот „заменик-министерот за информации“ на самопрогласената Доњецка Народна Република Доњецк, Артем Олхин за телевизијата Россия 1.

„Не може многу прецизно да се каже за самиот Славјанск, Ако ја погледнеме картата на Донбас, на север, таму од еден град веднап се преминува во друг, од Авдеевка до Славјанск, практично сето тоа претставува една урбана агломерација. Во областа вкупната групација војници, различни стручњаци поинаку тоа го нарекуваат, сигурно има меѓу 60 и 70 илјади“ украински војници“, рече Олхин.

Додаде дека во самиот град Славјанск сѐ уште не се водат улични борби, но руската авијација изведува борбени операции над градот, а исто така се водат артилериски борби со украинските сили.

Малку претходно, штабот на силите на проруските сепаратисти од Доњецк соопшти дека силите на тамошната „народна република“ заедно со силите на исто таквата самопрогласен творба во Луганск, со огнена поддршка на руската армија, настапуваат кон Славјанск и веќе под своја контрола заземале 235 населени места.

Славјанск е стратешки град со население од повеќе од 100 илјади луѓе, каде што е сместена термоцентрала и неколку за областа важни индустриски комбинати. Во април 2014 година, во операцијата на силите лојални на властите кои во Киев дојдоа по превратот две месеца претходно, во Славјанск започнаа првите активни борби, а од јули таа година градот е под контрола на украинската војна.