„Во одбрана на Дебар Маало“: Жерновски става ханзапласт на отворена фрактура

ФОТО: МЕТА
ФОТО: МЕТА

Иницијативата  „Во одбрана на Дебар Маало“ вели дека е погрешен начинот на кој градоначалникот на Центар сака да го реши проблемот со паркинг просторот.

-Иницијативата Во одбрана на Дебар Маало го поздравува напорот на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, да ги согледа нашите проблеми и ангажманот проблемот со блокираните тротоари во Дебар Маало да го решава со изградба на монтажен паркинг и поставување на заштитни столпчиња на улиците, АМА, сметаме дека ова е како ханзапласт на отворена фрактура на потколеница. Инсистираме дека МОРА да се изработат научни студии и стратегија за развој на маалото на кои ќе бидеме консултирани, МОРА да одговори на нашите анкетни забелешки и МОРА да престане со издавање дозволи за градба додека не се установи фактичката состојба, реагираат од иницијативата.

Тие го прашуваат Жерновски: „Дали новата гаража е место за нови возила или за ист број само тргнати од тротоарите“?