
Британските лексикографи го разгледаат корупсот зборови на Оксфордскиот речник и во него ги вклучија неологизмите поврзани со појавата на пандемијата на новиот тип коронавирус.
Така, во најголемиот речник на англискиот јазик, кој редовно се ажурира со појавата на термини произлезени од големи настани или појави или технолошки новитети, сега се вбројуваат поимите како „социјална дистанца“, „самоизолација“ и акронимот WFH (work from home – „работа од дома“), пишува весникот The Guardian.
„Ова е многу редок случај кога се забележува нагло зголемување на употребата на еден збор (Covid-19) за толку кус временски период и неговата доминација во јазикот“, вели Бернадет Патон, уредник за изданија на Оксфордскиот речник.
Самата болест Covid-19, исто така, е дел од неологизмите со дефиницијата: „акутна респираторна болест кај луѓето предизвикана од коронавирус, што може да доведе до сериозни состојби, па дури и смрт, особено кај постари лица и кај лица со придружени заболувања“.
И лексикографите кои работат на Окфордскиот речник, како и милијарди на планетава, сега работат од дома. Тие ги фиксираат промените во јазикот во говорот и во медиумите како резултат на пандемијата и даваат предлози иза вклучување на одредени зборови и фрази во речникот.
Според експертите, во моментов коронавирусот (или Covid-19), преовладува во јазикот, додека најмногу користените термини во декември биле „Brexit“ и „импичмент“, во јануари „коала“, „bushfire“ (разорни шумски пожари), „ирачки“, „скакулец“ и „убиство“.