![soobrakajna kontrola policija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/soobrakajna-kontrola-policija.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
Во засилените акциски контроли од областа на сообраќајот, во октомври годинава земјата изречени се повеќе од 20.000 санкции за сообраќајни прекршоци, а само во денеска во Гевгелија,за период од еден час изречени се над 60 санкции за сообраќајни прекршоци главно за нерегистрирани возила,возачи без возачка дозвола и други сообраќајни прекршоци, информира денеска портпаролот на МВР,Тони Ангеловски.
Апелираше до граѓаните на Гевгелија и целата држава да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,не за да ги избегнат казните од полицијата,како што истакна,туку за да се воведе ред на улиците и патиштата и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Ангеловски нагласи дека засилените акциски контроли во сообраќајот ќе продолжат и во наредниот период поради што повика заеднички сите да придонесеме за безбедност на нашите улици