![tetovo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/12/tetovo-e1562065074743.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Министерот за економија Крешник Бектеши во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово го посети објектот во изградба на компанијата „Глас Флекс“, создадена со македонско-холандски капитал. Во фабриката од 9.000 метри квадратни се очекува од октомври да започне производство на стакло и да се вработотат 300 лица. Околу 80 отсто од производството
-Ќе настојуваме да ги исполниме сите услови на приватниот инвеститор, со цел да се привлечат повеќе инвеститори во оваа зона што нема да влијае само во развојот на општина Тетово туку и на целиот полошки регион. Ќе креираме инвестиции се со цел да да се отворат нови работни места и да се инвестира што повеќе во овој регион, а тоа ќе влијае во подобрување на животниот стандард на сите граѓани што живеат во овие општини, рече Бектеши.
Објектот на „Глас-Флекс ДООЕЛ“ од Скопје е на 9.000 квадратни метри, а ќе се произведува калено, луминирано и друг вид специјализирано стакло. Изградбата е
започната на крајот на 2018 година и до крајот на месецов треба да биде завршена. Арбен Халили од компанијата Нормак која стопанисува со ТИРЗ Тетово, вели дека дополнителен поттик претставува фактот што самиот министер од блиску ги следи работите и истовремено новата инвестиција што се реализира во рамки на слободна економска зона.