Во октомври намалени трошоците за живот, прв пат после долги години Македонија има буџетски суфицит

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

Економијата се стабилизира, инфлацијата се намалува, платите растат, трошоците за живот се намалуваат и за прв пат после долги години Македонија има буџетски суфицит.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци раководење со државата, преку соодветни мерки го сопре слободниот пад на економија, кој што беше предизвикан и оставен од седум годишното владеење на СДС и македонската економија ја поставува на здрави нозе.

ВМРО-ДПМНЕ ги поставува темелите за нова и здрава економска реалност и работи на привлекување на нови странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за граѓаните.

И додека другарите Филипче и Заев се журкаат по скапи забави во Дубаи, ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на финансиска и економска стабилизација на Македонија.

СДС на власт ги осиромаши граѓаните и ја ограби Македонија. Да се грижеа барем малку за граѓаните, економијата и државата, СДС на власт немаше да се однесуваат со државните ресурси и македонскиот буџет како кон плен после поход и целосно да ги опљачкаат.

Македонската јавност многу добро знае дека на СДС и Филипче воопшто не им е грижа за народот и нивниот животен стандард, а уште помалку им е грижа за економијата која во нивно владеење ја уништија.

Седум годишното владеење на СДС и разбојничко управување со државни ресурси, претставува најголемата катастрофа во поновата историја која и се случила на Македонија.