Во октомври зголемени цените на индустриските производи на странските пазари

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во октомври на месечно ниво се повисоки за 1,1 процент, а на годишно ниво за 10,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во октомври во споредба со септември годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,8 проценти, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1,5 проценти.

Во октомври годинава во споредба со октомври лани продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија за 11,6 проценти.