Во опасност 70 отсто од кредитните картички: Еве како ви ги крадат парите!

Во шопинг центрите и на железничките станици во последно време се појавил нов вид на крадци на банковни картички.

Kрадците запознаени со новата технологија без многу мака ги крадат вашите податоци од платните и кредитните картички, без воопшто и да ги допрат, пишува Дејли Мејл.

Се што е потребно е крадецот со RFID (читач кој открива радиофреквнција) да биде оддалечен од вас 15 сантиметри. Тоа му овозможува „симнување“ на податоците од вашите картички, додека тие во вашите раце изгледаат навидум заштитено.

ABC7 I-Team открил дека овој нов начин на дигитална измама најлесно се применува на таканаречените „wave and pay“ картички.

-Потребниот уред за спроведување на оваа измама е многу достапен и многу лесно може да се пронајде на интернет, нагласува Дејвид Бријан, експерт за безбедност на компанијата „Траствејв“, јавува Дејли Мејл.

Ако читачот се наоѓа во границите на доменот за време на плаќањето, тој самиот автоматски ќе го фати сигналот кој го емитува картичката за неколку секунди. Информациите кои читачот ќе ги „собере“ може да се користат со помош на уред кој чини помеѓу 300 и 400 долари.

Од компанијата „Нортон“ истакнуваат дека оваа година дури 70 отсто од кредитните картички ќе бидат подложени на овој нов начин на дигитална кражба, па затоа би било добро да се биде повеќе внимателен.