Во општина со буџет од 20 милиони евра, родителите сами купуваат клима уреди за дечињата во градинките, открива Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ, кој сподели вибер-пораки од негователка во градинка во Аеродром со родителите, на кои им бара пари или донации за да може да се купи клима уред за заминалната на нивните деца.
Како што знаете во нивната занимална е многу топло, не се диши, по цел ден ги грее сонце, им пишува таа на родителите.
Митески порачува дека дното е одамна пробиено, а Златко Марин е срам за Аеродром.