Состојбата со поплавите во рускиот град Орск, каде што пукна брана, се развива според најлошото сценарио, а над 6.600 станбени куќи поплавени, соопшти прес-службата на регионалната влада.
„Состојбата со поплавите во Орск се развива според најлошото сценарио, во поплавеното подрачје има 6.644 станбени куќи. Поставени се 11 привремени засолништа со капацитет од 8.087 места“, се вели во соопштението.
Во Орск се евакуирани 1164 лица, меѓу кои 336 деца. Вкупно 696 лица биле сместени во блиските привремени засолништа.
Делумно уривање на брана во Орск, вториот по големина град во руската област Оренбург, се случи на две места ноќта на 6 април. Друго пробивање се случи вечерта истиот ден. Телата на две лица беа пронајдени во поплавената област. Властите прогласија вонредна ситуација на регионално ниво и ги повикуваат жителите да се евакуираат.