Во остатоците од авионот со кој летал аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала пронајдено е тело на човек, објавија британските медиуми, но уште не е познато дали станува збор за останките на играчот или на пилотот Дејвид Иботсон.
Остатоците од авионот биле пронајдени во неделата на дното од каналот Ламанш во потрагата финансирана со 300.000 евра приватни пари, со помош на две пловила кои со сонор го пребарувале дното на Англискиот канал, во стеснета област од четири квадратни милји. Телото било воочено со помош на малата подморница (ROV) која била опремена со HD, но тоа сѐ уште не е идентификувано.
„Сега во договор со полицијата и семејствата на пилотот и патникот ги разгледуваме следните чекори“, порачаа од британската Агенција за истражување авионски несреќи (AAIB).
Според извештајот на репортерот на Sky News, остатоците од авионот првпат биле забележано околу 9 часот утрото по локално време, на локација од околу 24 наутички милји северно од каналскиот остров Гарнзли. Пловилата уште неколкупати минали низ ова подрчје, за да го означат точното место на кој се наоѓале. Во доцните вечерни часови авионот е идентификуван, како оној со кој летал Емилиано Сала.
Извлекувањето на авионот требаше да се изведе во понеделникот, меѓутоа поради лошите временски услови тоа е одложено.
Авионот исчезнал од радарите на летот од Нант кон Кардиф минатиот понеделник вечерта. Сала потпиша договор за англискиот премиерлигаш Кардиф Сити вреден 17 милиони евра и заминал во Нант да се поздрави со соиграчите со кои мина три ипол години. По враќањето кон Кардиф авионот исчезнува од радарите и оттогаш се трага по него.
Потрагата по авионот од типот „Piper PA-46“ траеше со денови, но не беше откриено ништо што би укажувало на остатоците од леталото или на преживеани. Потрагата потоа официјално беше прекината, а службени лица соопштија дека шанси да има преживеани речиси и нема.
Семејството на Сала не се помири со таквата одлука и организираше приватна потрага за којашто благодарејќи на донациите од познати фудбалери и тренери се собрани околу 300.000 евра. Минатата среда беа најдени седиштата од авионот, а четири дена подоцна и самиот авион.