Во ЈП „Дрисла“ се трошело како да нема утре, посочи Нелоски и побара ревизија

Во Јавното претпријатие „Дрисла“ се трошело како да нема утре, директорот трошел како да се спремал дека ќе ја напушти функцијата бидејќи и од најголеми ставки до најситни ставки разликите на сумите се фрапантни. Целокупното работење на претпријатието треба да биде анализирано и ставено на предмет на ревизија за да не се дозволи повеќе да има фрапантни расходи во трошоците, изјави советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Владимир Нелоски.

До своето обраќање на денешната седница на Советот, Нелоски ги презентираше огромните разлики во трошоците и неразумното трошење на претпријатието оператор со депонијата „Дрисла“ крај Скопје.

„Само за потрошен материјал за одржување за 2020 година потрошиле 3,4 милиони денари, додека во 2021 потрошиле 6,4 милиони денари. Трошоци а резервни делови материјали гуми сумата се зголемила трипати, трошоците за ситен инвентар се зголемиле околу 2,5 пати, од 14, на 3,5 милиони денари. Одржувањето на веб страната има зголемување за 6 пати за одржување, за тековно одржување на објект двојно повеќе поголеми трошоци. Трошоци за софтверот е зголемен трипати, додека пак хардверот само 20% повеќе во однос на 2020 година“, рече Нелоски.

Ппосочи дека за да се продолжат недоследностите ова претпријатие за трошоци за интелектуални услуги има потрошено двојно повеќе од планираното, а за правни адвокатски и нотарски услуги, исто така двојно повеќе а повисоки се и судските трошоци.

„Кога сме кај вработувањата во ова претпријатие се драстично зголемени, а само по основ на бруто плати споредено со минатата година потрошени се повеќе 5 милиони денари, а трошоците за привремени вработувања се зголемиле од 4,8 на 6,4 милиони денари“, истакна Нелоски.