Тренажен воен авион се урнал во средата околу пладнето на северот на Италија и притоа загинал британски пилот а друг е повреден, соопшти групацијата „Leonardo“.
„Се случи воздухоловен инцидент во кој учестуваше летало М-346, кое се урна близу Комо“ соопшти споменатата италијанска компанија спцијализирана за воено воздухопловство.
„Причините за несреќата не се познати. По интервенцијата на спасувачките тимови, потврдена е смртта на еден од двајцата пилоти“, се додава во соопштението.
На прашање на агенцијата AFP од „Leonardo“ ги потврдиле медиумските информации дека загинатиот пилот инструктор бил бритнаснки државјанин, а другиот е италијански.
Моделот „M-346 Master“ е тренажен авион двосед, а се продава и во странство.
Според локалните медиуми, несреќата се случила во текот на тренажен лет, со поаѓање од фабриката во Венегон Супериоре преед авионот официјално да му биде предатено на италијанското воено воздухопловство.
Според изјавите на очевидци за миланскиот дневен весник Il Corriere della Sera, авионот се запалил и се урнал на вровот на планината, на височина од околу 2.500 метри.
Двајцата пилоти успеале да се катапултираат пред падот, но едниот загинал да другиот се здобил со повреди и бил пренесен во болница, според очевидците.