Во Париз подготвуваат штрајк повторно на ден со фудбалски натпревар

Француските синдикати во транспортниот сектор имаат намера д од одржат нов штрајк во Париз на 3-ти мај, денот кога на стадионот „Стад де Франс“ ќе се игра фудбалскиот натпревар меѓу селекциите на Франција и на Данска во рамките на Лигата на нациите, објави во вторникот радиото Europe 1.

Станува збор за штрајк на вработените во подружницата на приградската електрична железничка линија RER B. Тамошниот синдикат, имено, се жали на недостиг од машиновозачи и бара премија од по 1.500 евра за работењето во време на пандемијата на коронавирусот.

„Успехот на штрајкот за време на финалето на Лигата на шампионите ја зајакна позицијата на синдикатите. Фијаското од 28-ми мај наиде на широк одек во сите светски медиуми, а водството ќе ја понесе целата одговорност за проблемите со пристигнувањето на навивачите на Стад де Франс“, го цитира радиото заедничкото соопштение на синдикалните здруженија CGT M tro-RER, Unsa и La Base.

Во прилогот се наведува дека овојпат на штрајкот не се приклучува големиот синдиката Force Ouvriere. Радиото, исто така, појаснува дека Автономната управа на парискиот сообраќај (RATP) е одговорна само за јужниот крај на од линијата RER B, додека линијата од Гар ду Норд кон Сен-Дени и стадионот „Стад де Франс“ се во одговорност на Националната компанија на француските железници (SNCF). Во таа смисла се претпоставува дека штрајкот може да ги погоди само оние коишто тој ден ќе го користат јужниот крак на линијата.

Претходно францускиот министер за внатрешни работи Жерлад Дерманен изјави дека штрајкот на работниците на RER B го предизвикала стампедото на влезовите од „Стад де Франс“ во саботата пред натпреварот меѓу Реал Мадрид и Ливерпул. Според него, навивачите требало да стасаат до стадионот преку линијата RER D, на чиј излез имало само четири контроли, додека на излезот RER B имало 13. На тоа се надоврзало и присуството голем број навивачи со лажни или без билети, што според Дерманен довело до безредија и судири со полицијата во кои биле приведени 105 лица.