Седумнаесетодишник е физички нападнат и повреден со нож од страна на неколку лица откако му биле барани пари, соопшти во саботата министерството за внатрешни работи.
Инцидентот ноќата кон саботата, околу 01,30 часот по полноќ во Полициска станица Центар, го пријавил 57-годишниот Џ.Б. од скопското село Црн Врв.
Според пријавата, вечерта во петокот, околи 21,10 часот на улицата „Филип II Македонски“, поточно во паркот „Жена борец“ наспроти парламентот, додека неговиот 17-годишен син се движел пеш, неколку лица му побарале пари. Откако момчето одбило да им даде пари, лицата физички го нападнале, при што едно од нив со нож му нанел расекотини, а потоа го напуштиле местото на настанот.
Момчето се упатило во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.