Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави во вторникот дека САД „забележале индиции“ дека Украинците започнале контранапад.
Истакна дека украинските сили во јужна Украина, во близина на градот Херсон се обидуваат да ја вратат територијата.
„Тие се бранеа многу паметно, вешто и креативно на места за кои веруваат дека се вистинските места за одбрана. И сега видовме дека на југ, во близина на Херсон, тие се обидуваат да ја вратат територијата“, наведе Кирби