![1702838587-7I5A5484-copy-750x500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/1702838587-7I5A5484-copy-750x500.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Српската републичката изборна комисија (РИК) донесе одлука за повторување на гласањето на парламентарните избори на осум избирачки места во пет општини во Србија на 2 јануари, објавено е денеска на веб-страницата на РИК.
Во вторник од 7 до 20 часот ќе се повтори гласањето на две избирачки места во Бачки Петровац, на три места во Бела Паланка и на по едно место во општините Беочин, Мионица и Петровац на Млава.
Комисијата одлучи и на тие избирачки места да се испечатат 5.352 гласачки ливчиња за прегласување на изборите за пратеници.
Се прегласува на избирачките места каде што е откажано гласањето на изборите за пратеници одржани на 17 декември 2023 година.