Во петок почнува потрагата по телата на жртвите на Нов Зеланд

Новозеландската полиција планира на Белиот остров ќе започне да трага по телата на луѓето загинати во ерупцијата на вулканот претходно седмицата, а според најновите официјални податоци осум лица ги загубиле животите, откако две лица починале во болница во текот на ноќта.

„Не постои нулта ризик кај овој план, тој доаѓа со ризик. Имаме план, ресурси и можноста да ги најдеме телата на Белиот остров“, рече заменикот началник на новозеландската полиција, Мајк Клемент на прес-конференција во Вакатане во четвртокот.

„Знаеме дека исчезнале осум лица“, додаде Клемент, од кои за шестмина точно се знае каде би требало да бидат, па потрагата по нивните тела ќе биде првиот приоритет.

Во средата треперењето на почвата на вулканскиот остров на Нов Зеланд и натаму го зголемуваше ризикот од уште една силна ерупција по онаа од понеделникот и ја оневозможуваше потрагата по телата на жртвите.

Покрај осумте починати, упте осум луѓе се водат како исчезнати на островот. Бројот на мртвите би можел да се зголеми бидејќи 29 лица се наоѓаат на одделите за интензивна нега во неколку болници низ земјата. Некои се префрелни и во Австралија.

Во времето на ерупцијата на Белиот остров имало 47 лица. Од нив 24 се од Австралија, деветмина од САД, петмина од Нов Зеланд, четворица од Германија, по двајца од Кина и Велика Британија и едно од Малезија. Туристите го посетуваат островот кој е во приватна сопственост повеќе од 30 години.

Белиот остров, односно Вхакаари на маорски јазик, се наоѓа во Пацифичкиот огнен прстен, подрачје во кој се случуваат најголемиот број силни земјотреси и вулкански ерупции на планетата. Вулканот на Белиот остров е еден од најактивните вулкани на Нов Зеланд и е истовремено популарна туристичка дестинација. Иако почвата често трепери, последната смртоносна ерупција се случила 1914 година, кога загинале 12 рудари.