Авионска дезинсекција против ларви и возрасни комарци во Скопје ќе се врши во петок и сабота, а терестична дезинсекција од недела до четврток, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на известување од Град Скопје.
Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин, се наведува во соопштението.
Се апелира до пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.