
Во петок започнуваат Деновите на Македонскиот народен театар во Кратово.
Отворањето ќе започне со претставата „Парите се отепувачка“ во режија на Бојан Трифуновски.
Посетителите ќе можат да ги погледнат и претставите „Последна шанса“, „Сребрена свадба“, „Свадбата на Фигаро“ и „Не се клади на Енглези“.
Сите претстави ќе се играат на платото пред Музејот на Град Кратово, со почеток во 21 часот. Влезот за сите претстави е бесплатен.