Во Подгорица маскирани разбојници украле блиндирано возило за пренос на пари

Маскирани разбојници ограбиле блиндирано возило за пренос на пари пред филијалата на Пошта 2 во близина на железничката станица во Подгорица.

Извор за „Вијести“ од врвот на полициската управа рекол дека во автомобилот немало многу пари во моментот на тешкото разбојништво.

Транспортното возило, кое разбојниците го земале од работниците на една фирма за обезбедување пронајдено е подоцна а од страна на инспекторите од подгоричката полиција во негова близина биле пронајдени и кеси во кои се претпоставува дека биле парите, пренесе „Вијести“.