Во полицијата пријавил дека малолетната сестра живее вонбрачно со 23-годишно момче

Дваесет и четиригодишен маж пријавил дека неговата малолетна 15-годишна сестра вонбрачно живее со лицето Б.Ѓ.(23) од селото Камен Дол.

„По превземени мерки, малолетничката била донесена во Полициската станица Кавадарци и во присуство на родител бил извршен разговор. Б.Ѓ. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вонбрачен живот со малолетно лице“, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.