Во Полска приведени Руси за дистрибуција на пропаганда на „Вагнер“, обвинети за шпионажа

Полските власти привеле двајца Русија кои во полските градови делеле пропаганден материјал за регрутириње во руската приватна воена компанија „Вагнер“ објави во понеделникот министерoт за внатрешни работи Мариуш Камински.

„Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW) заедно со полицијата идентификуваше и приведе двајца Руси кои дистрибуирале пропагандни материјали на ‘Вагнер’ групата во Краков и Варшава“, напиша Камински на платформата X.

Двајцата, меѓу другото, се обвините за шпионажа и се притворени.

Серија постери со логото на руската приватна воена компанија „Вагнер“ се појавија на улиците на Краков, известија викендов полските медиуми.

Варшава е особено вознемирена откако дел од припадниците на „Вагнер“ по еднодневниот неуспешен бунт во јуни во договор со руските власти се дислоцираа во Белорусија којашто граничи со Полска. Според белоруските власти станува збор за неколку стотици борци кои ги обучуваат белорuските војници.

Но полскиот премиер Матеуш Моравјецки вели дека бројот на „вагнеровците“ се проценува околу 4.000 и оцени дека тоа е обид да дестабилизација на источното крило на НАТО. Поради тоа, полското Министерство за одбрана најави дека на границата кон Белорусија ќе испрати дополнителни неколку илјади војници.

Мариуш Камински, кој освен министер за внатрешни работи е и министер-координатор за полските специјални служби, потврди дека двајцата приведени руски државјани се обвинеи и за шпионажа без да ги прецизира делата.

Подоцна кабинетот на Камински ги идентификуваше уапсените Руси како Алексеј Т. и Андреј Г., и наведе дека главните обвинувања за нив се дека по инструкција истакнале околу 300 летоци на јавни места во Варшава и Краков. Исто така, наводно правеле и фото-записи за што потоа требало да добијат награда од 500.000 рубљи.

Уапсените се префрлени во Малополскиот оддел на обвинителството за организиран криминал и корупција во Краков.

„… Упсените се обвинети за дејствија во полза на странско разузнавање против интересите во Полска, учество во меѓународна криминална група од вооружен карактер, чија цел е извршување злосторства од терористички карактер, регрутирање во служба забранета со меѓународно право“, се вели во соопштението.

На двајцата притворени Руси доколку бидат прогласени виновини им се закануваат до десет години затвор.

Последните години полските власти често известуваат дека откриле наводни руски шпиони. Кон крајот на јуни годинава под такво обвинение беше приведен рускиот хокеар Максим Сергеев, кој настапуваше во полската лига, а во јули известија за приведување на украински државјанин обвинет за наводно шпионирање во полза на Русија.

Кон крајот на јули полските законодавци сериозно ги заострија казните за шпионажи. Така, од досегашните казните од една до десет години затвор, сега за ова дело ќе се пресудуваат казни од пет до триесет години.