Во полскиот град Ченстохова, на југозападот од земјата се појавија антивоени рекламни билборди чијашто тема е војната во соседна Украина, пренесуваат тамошните медиуми повикувајќи се на политичкиот активист Лешек Сикулски.
На плакатите со натписот „Тоа не е наша војна“ прикажан е војнички панталон во заднината на националните знамиња на Украина и Русија, се забележува дека ногата која се наоѓа на украинската страна на плакатот е претставена како протеза.
Полска, во која историски има силно антируско расположение, е една од најголемите западни донатори и поддржувачи на Украина по почетокот на руската инвазија ланскиот февруари. Покрај тоа, полските доброволци и платеници се најбројните на украинското боиште на страната на силите на Киев.
Официјална Варшава е силен поборник на поголемото и побрзо вооружување на Украина, а неодамна вицепремиерот и министер за одбрана, Мариуш Блашчак изјави дека Полска очекува до крајот на февруари да се придружат десетици земји во ткн „тенковска коалиција“ која ќе ѝ испорача на Украина стотици напредни офанзивни тенкови од западно производство, во прв ред германските „Leopard 2“ кои ги поседуваат, а чиешто предавање по долго колебање и притисоци се согласи да го одобри Германија.
Активистот Сикулски за порталот naTemat изјавил дека планира таквите билборди да бидат поставени ширум Полска. Весникот Gazeta Wyborcz пренесува дека не е познато колку билборди ќе бидат поставени, колку ќе чинат и од каде организаторите на антивоената кампања ги добиле парите. Притоа се потсетува дека Сикулски порано бил член на една државна комисија.
Од друга страна, медиумскиот сервис Wirtualne Media тврди дека фотографијата што ја користел Сикулски како графика за илустрирање на кампањата „Тоа не е наша војна“ можела да се најде и на руската веб-страница Freelance.Ru, а го прикажувала естонската престолнина Талин.
Се наведува дека претставниците на власта се оградиле од ставовите Сикулски, а Станислав Жарнин, челник на владиниот одел за безбедност на полскиот информативен простор.
„Лешек Сикулски е еден од коментаторите кои го заразуваат полскиот информативен простор со тези кои се во согласност со пораката на руската пропаганда против Полска“, вели Жарнин.
Станува збор за најавата за емитување на коментарот на Сикулски на локална телевизија во кои се наведува „Кои се вистинските причини за војната во Украина, зошто се случи и каква врска имаат САД со тоа?, д-р Лешек Сикулски – историчар, академски предавач и претседател на одборот на полското геостратешко друштво“.
Станува збор за антивоено движење кое се противи на владините политики во Варшава преземена по 1999 година и ги критикуваат како политики насочени против полските соседи и следење на стратешките интереси на САД. Притоа, се наведува дека Сикулски и работел како безбедносен аналитичар во канцеларијата на претседателот Лех Качински кој загина во авионска несреќа во Русија, а во 2021 година бил одликуван од шефот на државата Анджеј Дуда.