Делта сојот на коронавирусот сѐ повеќе се регистрира во повеќе европски земји, па поради тоа во понеделник на состанокот на Комисијата за заразни болести ќе биде разгледувана можноста за воведување некоја форма на рестрикција, изјави во петокот министерот за здравство Венко Филипче.
Сите сега препорачани мерки во овој период остануваат на сила, засега, вели Филипче, нема план да се направи промена.
„Разговараме и евентуално би носеле некаква одлука во однос на штитење на границите, во однос на тестовите. Да се процени ризикот, дали е тоа вистинска марка со која навистина може да се заштитиме“, објасни министерот.