Во понеделник итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради немирите во појасот Газа

Советот за безбедност на ОН за утре закажа итен состанок зад затворени врати поради конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Исламски џихад во појасот Газа, соопшти палестинскиот амбасадор на ОН Ријад Мансур.

Состанокот го побарале Обединетите Арапски Емирати, заедно со Кина, Франција, Ирска и Норвешка, наведено е во соопштението на директорката за стратешки комуникации на министерството за надворешни работи на ОАЕ, Афре Махаш ал-Хамели.

„ОАЕ ја нагласува потребата да се обнови затишјето во појасот Газа, да се намали ескалацијата и да се сочуваат животите на цивилите“, рече Ал-Хамели.

На состанокот ќе се разгговара околу најновиот равој на случувањата, и како да се поддржат меѓународни напори да се постигне мир.

Одлуката за состанок е донесена неколку часа откако палестинската мисија во ОН се обратила до членовите на Советот за безбедност на ОН и ги повикала да превземат одговорност за израелската агресија против палестинскиот народ.