Општина Гази Баба во моментов има најголема потреба од средства за дезинфекција, чистење и лична хигиена, како и заштитна опрема (чизми, ракавици, маски), бидејќи се врши расчистување на настраданите подрачја.
Силно невреме во саботата предизвика поплава во Ченто, Синѓелиќ, Стајковци, Инџиково, Брњарци, Црешево, Булачани и околните села. Петти ден по ред куќите се чистат од кал, а на терен освен граѓаните помагаат волонтери, припадници на армијата, пожарникари и други институции.