Најмалку 37 лица загинаа, а повеќе од 200.000 се принудени да ги напуштат домовите во југоисточниот дел на Филипините поради поплавите и лизгање на земјиштето предизвикани од силните дождови.
Скоро 13.000 лица во последните 24 часа ги напуштиле селата долж надојдената река Агусан на јужниот остров Минданао, кој што се подготвува и за да удар на тропска бура.
Повеќе од 218.000 луѓе нашле привремено засолниште во училиштата и другите владини згради ширум источниот дел на Минданао. Некои од нив се таму уште од 10-ти јануари, кога започнаа да паѓаат поројни дождови.