Во поплавите во Бугарија загинале 14 лица

Во поплавите во Бугарија погинати се 14 лица, додека пак продолжува потрагата по две деца кои се водат за исчезнати, соопштува агенцијата „Анадолија“.

Бугарија, поради поројните дождови, во календарски летната сезона влезе со невреме и поплави. Во Варна, Добрич и Велико Трново, поплавите предизвикале огромна материјална штета, а властите прогласиле Ден на жалост.

Во населбата Араспухово во Варна, оштетени се десетина станбени објекти и возила. Началникот на општина Варна, Иван Портних формирал кризен штаб кој треба да ја процени настанатата штета. Портних, исто така, дал наредба и да се евакуираат сите луѓе во населбата Монструм, дури и против нивната волја.

Координаторот на Црвениот крст во Варна, Илко Радев, изјави дека е голем број на граѓаните и фирмите кои донираат помош во храна. Исто така, откри дека Црвениот крст ангажирал и десетина психолози кои ќе им даваат психичка поддршка на семејствата на жртвите.