Во поплавите што ја зафатија изминатиот викенд Шри Ланка, најголемите во последната деценија, смртно настрадале 164 луѓе а уште над стотина се водат како исчезнати, соопшти во понеделникот спасувачката служба.
Обилните врнежи во петокот предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето на островската земја во Индинскиот Океан, принудувајќи околу половина милион луѓе од јужниот и од западниот дел да ги напуштат своите домови.
Како исчезнати уште се водат 104 луѓе, а 88 се хоспитализирани, соопшти Центарот за управување со природни катастрофи. Напорите на спасувачките екипи може да бидат отежнати поради новите монсунски дождови, кои за во понеделник и вторник ги најавија метеоролозите.
Војската ги мобилизираше хеликоптерите, пловилата и амфибиските возила во помош на настраданите и за доставувње храна, вода за пиење и лекови.
Истовремено владата на Шри Ланка до меѓународната заедница упати апел за помош. Индија веднаш уапти неколку воени бродови, а на еден од нив е лекарски тим и медицински персонал.
Станува збор за најголемите поплави од мај 2003 година кога животите ги загубија 250 лица, а водените порои однесоа околу 10.000 куќи.