Лансирањето на ракетата носач „Falcon Heavy“ на американската приватна компанија за вселенски технологии „SpaceX“ која во орбитата на земјата требаше да ги постави сателитите „ ViaSat 3 Americas“ беше откажано на само минута пред стартот.
На профилите на социјалните мрежи на „SpaceX“ лансирањето беше емитувано во живо, кога менаџерот на проектот го запре одбројувањето на 59 секунди. Причината засега сѐ уште е соопштена, но порталот Spaceflight Now наведува дека новиот обид за лансирање може да се случи најбрзо за еден ден.
Ракетата носач „Falcon Heavy“ требаше да ги стационира во орбитата сателитите „ViaSat 3 Americas“, дизајнирани да обезбедат интернет сигнал во рурални области, за патничките авиони и бродовите. Ова беше второто од планираните лансирања на „SpaceX“ кое беше планирано за ноќта кон саботата по македонско време, откако еден час претходно беше лансирана ракетата „Falcon 9“ со групата сателити „O3b mPOWER“.
Доколку лансирањето на „Falcon Heavy“ беше успешно остварено, тоа ќе претставуваше рекорд за „SpaceX“ во смисла на лансирање на две орбитални мисии во толку куса временска рамка. Покрај тоа, САД немаат изведено вакви паралелно лансирање од космодромот Канаверал уште од 1966 година. Ланскиот март, пак, беа изведени успешни две лансирања во интервал од четири часа.
„SpaceX“ првпат изведе две лансирања во еден ден во 2021 година, но тогаш разликата меѓу нив беше 15 часа.