Македонија во неделата го надмината прагот од 11.000 случаи на зараза од новиот коронавирус, откако здравствените власти во последните 24 часа од 1.419 тестирања потврдиле 166 нови случаи на заразата, како и нови четири смртни случаи.
Со тоа вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројката на оздравени пациенти е 6.882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.675.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-10, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-12, Неготино-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од: Скопје-98, Куманово-17, Штип-25, Битола-8, Гостивар-15, Радовиш-2, Пробиштип-1, Свети Николе-12, Кичево-3, Ресен-4.
Починати се 4 лица, пациент од Скопје (77г.), пациент од Кичево (72г.), пациент од Штип (58г.) и пациент од Битола (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направените 1419 теста се преку: ИЈЗ-1058, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-134, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -114, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-6, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, 1 на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 5 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.