Во пожар изгоре поткровје од куќа во село Ваташа

Поткровје од стабен објект во кавадаречкото село Ваташа денеска изгоре во пожар.

Пожарот е локализиран, но причините и предизвиканите штети се уште се утврдуваат, информира Илчо Богевски, командир на територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

– Веднаш интервениравме на гаснење на пожарот со две возила и тројца пожарникари. На помош ни дојдоа и по едно возило и по двајца пожарникари од “Фени индустри”, “Кожувчанка” и подружницата на Македонски шуми, “Бор” од Кавадарци, изјави Богевски.