(ВИДЕО) Во пожар во автобус загинаа 52 луѓе во Казахстан

Педесет и две лица ги загубија животите во четвртокот во пожар кој зафатил автобус во зафрлен дел од Казахстан, соопшти надлежното министерство.

Од 57 луѓе колку што се превезувале во автобусот на патот меѓу градот Самара и Шимкент, само пет лица преживеале, од кои тројца биле возачи, кои успеале навреме да излезат од запаленото возило, соопшти портпаролот на регионалното минситерство за вонредни состојби, Виталиј Синев.

Преживеаните биле префрлени во болница, но ниеден од нив нема повреди поради коишто треба да биде хоспитализиран. Засега нема подетални информации за идентитетот на настраданите.

Според него, помошнта странична врата од автобусот била блокирана, што ја спречило евакуацијата на патниците и придонело за големиот број жртви.

Локалните медиуми известуваат дека патниците биле главно жители на соседен Узбекистан, додека возачите биле Казахстанци.

Засега не е позната причината за избувнувањето на огнот. Истрагата покренала дело „нарушување на правилата за патен сообраќај или користење транспортни средства од лица кои управуваат со транспортни средства, предизвикувајќи смрт на две или повеќе лица“.

 

РИА Новости https://ria.ru/world/20180118/1512843843.html