Во пожар изгореа 19 сандаци со пчели

На 26.07.2024 во 17.00 часот во Полициското одделение Старо Нагоричане било пријавено дека во с.Жегљане, општина Старо Нагоричане, настанал пожар на нива, сопственост на Л.А.(65) од село с.Жегљане, при што изгореле 19 сандаци со пчели.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.