Во пожар во болница во западна Германија, што се случи во четвртокот доцна навечер, повредени се 28 лица, од кои пет потешко, соопшти локалната полиција, а јави во петокот агенцијата Дпа.
Пожарот избувнал во соба за пациенти во болница во Хемер, град на околу 30 километри југоисточно од Дортмунд. Персоналот брзо почна да ги евакуира другите пациенти од болницата, изјави портпаролката на полицијата.
Од чадот починале пет тешко повредени, но според првичните сознанија нема изгореници.
Четири посериозно повредени се префрлени на лекување во други болници, додека едно повредено лице е згрижено на одделението за интензивна нега во болницата на жртвите, изјави портпаролот на пожарникарите.
Меѓу повредените има пациенти и вработени.
Делот од зградата каде што избувна пожарот повеќе не е употреблив, изјави портпаролката на полицијата.
Истрагата за причините за пожарот ја презеле локалните полициски детективи.