
Во пожарот на оддел за пациенти со Covid-19 загинале најмалку 11 пациенти во болница на западот на Индија, објавија во саботата официјални извори.
Имало најмалку 20 пациенти на одделот за интензивна нега во болницата во округот Ахманднагар во сојузната индиска држава Махараштра, кога избувнал пожарот. Повеќето од пациентите биле повозрасни од 60 години.
Салата којашто целосно изгорела, неодамна била изградена токму за лекување на заболени од Covid-19.
Премиерот на оваа сојузна држава Удхав Тхалерај наредил истрага за безбедносните услови во таа болница сместена 250 километри од Мумбаи, главниот град на државата Махарашстра.
Индискиот систем на јавното здравство е недоволно финансиран и е во критична состојба поради пандемијата на коронавирусот, а во периодот од април и мај избувнаа пожари во неколку болници.
Најмалку 16 пациенти со Covid-19 и две медицински сестри загинаа во пожарот во билница во Гуџарат, а истрагата покажа дека причина за огнот бил кус спој на одделот за интензивна нега. Во април 14 ковид-пациенти загинаа во пожар во болница во предградие на Мумбаи.