Во пожар во Јужна Кореја загинаа седум лица

Седум лица загинаа, а 20 се повредени во пожар на автобуски терминал во градот Гојанг во Јужна Кореја, соопштија официјални лица.

Пожарникарите сметаат дека причината за избивање на пожарот е варење на челична конструкција за време на работата на блиското градилиште.

Спорд Службата за вонредна состојба, две лица се во тешка состојба. Јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ јави дека телата се пронајдени во подрум на градилиштето.