![pozar francija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/FZAQLVXWYAEMvqL.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Шумскиот пожар на југот на Франција проголтал само во неделата 250 хектари борова шума и во справувањето со него повредени се четворица пожарникари, соопштија тамошните власти.
Вилијам Боеји, портпарол на противпожарната служба, рече за радиото FranceInfo дека пожарот во општината Обес во регионот Гард бил „многу жесток“ поради силниот ветер и сушата.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани се речиси 300 пожарникари и доцна попладнето сѐ уште не е ставен под контрола, објави службата за цивилна заштита.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дерманен објави на Twitter дека се повредени четворица пожарникари, од кои двајца се на лекување во болница поради изгореници.
Неколку семејства и 60 коњи се евакуирани, изјави градоначалникот на Обис за порталот Midi Libre.
Франција влегува во третиот топлински бран ова лето и издадено е предупредување за зголемена опасност од пожари.