Во Прага ќе бидат претставени убавините на Охрид

Природните убавини на Охрид, можностите за искористување на одделни индустриски капацитети и развој на разни видови туризам, на 10 ноември ќе бидат презентирани во Прага.

Хотелите и туристичките агенции од Охрид, на промоцијата, која ќе биде оддржана во хотелот Босколо, пред неколку десетици претставници на чешките тур оператори ќе се претстават преку печатени публикации и видео презентации.

На туристичката промоција, организирана во соработка со Амбасадата на Македонија во Чешка, ќе присуствува и делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески.